Пронајдени остатоци од потоната подморница, сите членови на екипажот веројатно се мртви

by Fokus

Остатоци од подморницата на индонезиската морнарица, што во средата исчезна со 53 члена на екипажот, се пронајдени длабоко во Балиското Море, со што се потврдија стравувањата дека бродот потонал и се распаднал, изјави денеска началникот на индонезиската морнарицата.

Подморницата „КРИ Нангала-402“ исчезна без трага во средата рано утрината во близина на индонезискиот остров Бали, каде учествуваше во воена вежба.

-Пронајдените остатоци се предмети од внатрешноста на подморницата, како сунѓери, шишиња со масти и предмети што се користат за молитва. Телата на членовите на екипажот не се пронајдени, изјави началникот на штабот, адмирал Јудо Маргоно, пренесе „Њујорк Тајмс“.

Поврзани новости