Власта на Никола Груевски, на ист начин како што во минатото манипулираше со избирачкиот список, така и денес се обидува да манипулира со вкупниот број на вработени во јавниот сектор, обвини дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирецовски.
– Последната бројка што ја соопшти министерката Арсовска Томовска повикувајќи се на Регистарот е 127.139 вработени во 1.266 институции. Претпоследната бројка што ја соопшти министерката лани е 128.253 лица вработени во 1.354 институции. Значи за шест месеци бројот на институции се намалил за 88. Ако тоа е вистина, од министерството треба јасно да се соопшти кои се тие 88 институции што постоеле во септември 2015, а не постојат денес во март 2016 – рече Кирацовски.