Дополнителениот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, денеска реагираше на изјавата на министерката Марта Арсовска-Томовска дека неговата акција за пријавување притисоци врз администрацијата е незаконска.
-Наместо министерката Арсовска Томовска да ги штити партиските интереси на политичката партија од која е поставена, треба своите декларативни заложби за фер и регуларен изборен процес, да ги покаже на дело и час поскоро јавно да се приклучи кон нашата мисија за спречување на евидентните закани и притисоци, неправилности и нерегуларности кои се секојдневно се случуваат. Фактот што досега ниту една пријава за политичко влијание и притисок не стигнала до министерката и министерството, јасно укажува дека граѓаните воопшто не им веруваат на партиските кадри вградени во институциите, поставени од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните многу добро знаат дека изворот на сите нерегуларности во изминатиот период, не може истовремено да биде и фактор за нивно решавање, се вели во реакцијата од Кабинетот на Кирацовски.