Иницијативата за СЈО е во раце на судија кој беше претседател на ДИК за време на „Титаник“

by fokus

Судија – известител за предметот против Специјалното јавно обвинителство, што пола година не се стави на седница на Уставниот суд, е уставниот судија Јован Јосифовски, татко на шефот на кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, Борис Јосифовски, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во судот.

Јосиф Јосифовски од 2006 до 2012 година беше член и претседател на Државната изборна комисија од редот на ВМРО-ДПМНЕ. Истрагата на СЈО е за прислушувани разговори во периодот од 2008-2015, меѓу кои и за изборни измами, на која тема е и првиот случај „Титаник“.

Мнозинство во Собранието, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, кон крајот на декември 2012 година го избра Јован Јосифовски за уставен судија, на предлог на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ како претседател на Комисијата за избори и именувања.

Поврзани новости