Кирацовски го прифати извинувањето на Азманов: Трендот на лажни вести мора да запре

by fokus

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, го прифати извинувањето на бизнисменот Зоран Азманов, кој изјави претходно дека Кирацовски нарачувал текстови против него во еден медиум. Азманов рече дека бил погрешно информиран и дека од трето лице дознал за наводното влијание на Кирацовски во медиумот.

Кирацовски претходно се закани со тужба, а во последниот свој коментар на фејсбук вели дека ова е „светол пример на доблесно извинување“.

„После моето укажување и најавата на тужба за лажното информирање на јавноста и мое клеветење, господинот Азманов јавно се извини и побара повлекување на лажната вест.

Жалам што мораше на овој начин, преку најави на тужби за клевети да се докажува вистината, но тоа е единствениот начин во нашето, со лажни вести заразено, општество.
Сепак ова е светол пример на доблесно извинување.

И уште еднаш…Трендот на лажни вести мора да запре.
На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај.
Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не!“, напиша Кирацовски.

Поврзани новости