598
Возачот кој со нож уби две лица во Кина, кои ги контролираа возилата во врска со епидемијата на Ковид-19, денеска е осуден на смрт, јави Синхуа.
Тоа е еден од ретките инциденти на протест поради ограничувањата на движењето и забраната за пристап до големите градови, поради што и забави растот на кинеската економија.
Ма Џингуо наишол на блокада на патот во округот Хонгхе во провинцијата Јунан на 6 февруари, а неговиот придружник се обидел да ја отстрани пречката од патот. Откако влегле во расправа и физичка пресметка со контролорите, Ма ги прободел со нож.