Кина забрани увоз на свинско месо од Германија

by Fokus

Кина забрани увоз на свинско месо од Германија поради потврден случај на Африканска свинска чума на фарма во една германска првинција.

Асоцијацијата на германски фармери (ДБВ) побара забраната  да важи само за областа каде е откриена болеста, а да нема национална забрана за извоз.

Германија е трет најголем извозник на свинско месо во светот. Забраната за увоз на германско свинско месо во Кина ќе биде од корист на другите големи извозувачи, како САД, Шпанија и Бразил.

Афрканската свинска чума се пренесува преку контакт на телесните течности на заразените животни. Болеста е фатална за свињите, но не и за луѓето.

Поврзани новости