Кина за прв пат во историјата ќе испрати цивилен астронаут во Вселената

by Fokus

Утре прв пат во својата историја, Кина ќе испрати цивилен астронаут во вселената. Тој ќе лета во мисија со екипаж до вселенската станица Тиангонг, што е нов чекор во продолжувањето на нејзината програма за истражување на вселената.

Астронаутот Гуи Хаичао е „експерт за носивост“ и „професор на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Пекинг“, рече Лин Ксичијанг, портпарол на Кинеската вселенска агенција за екипаж, на денешната прес-конференција.

Досега сите кинески астронаути кои полетаа во вселената беа членови на Народноослободителната армија. Гуи ќе биде „одговорен за управување со товарот во орбитата“ за истражување на вселената, додаде портпаролот.

Цивилниот астронаут ќе лета во вселената заедно со Џинг Хаипенг , командантот на мисијата „Шенжу-16“ и астронаутот Жу Јанжу.

Поврзани новости