Кина веќе четири месеци е без смртни случаи од корона вирус

by Fokus

Кинеските здравствени власти соопштија дека во последните четири месеци не починал ниту еден хоспитализиран пациент со корона вирус.

Претставникот на Националната здравствена комисија, Гуо Јанхонг, изјави дека тоа е најсилниот доказ дека кинеското искуство, методите и стратегиите во лекувањето на корона вирусот се добри, и ја пофали стратегијата на Кина во спречувањето на ширењето на Ковид-19, објави Си-Ен-Ен.

На 14 април кинеската Национална здравствена комисија последен пат пријави смрт од корона вирус, кога беше регистриран еден смртен случај во покраината Хубеи, се гледа од податоците на веб страницата на Комисијата.

Поврзани новости