Очите на светската јавност се свртени кон Тајван откако на вчерашните избори победи поддржувачот на независноста, Вилијам Лаи Чинг.
Тајван ја повика Кина да ги „почитува резултатите од претседателските избори“ кои претходниот ден ги доби Лаи Чинг-те, кој тврдеше дека островот е де факто независен и вети дека ќе го брани од заканите за обединување на Пекинг.
Вилијам Лаи, актуелниот потпретседател за просуверенистичката Демократска напредна партија, победи на претседателските избори и ќе ја преземе функцијата на 20 мај, заедно со неговиот потпретседател Ксијао Меикинг, поранешен претставник на Тајпеј во Вашингтон.
Уште пред изборите, Кина објави дека Лаи е „опасен сепаратист“ и дека „Тајван избира меѓу војна и мир“.
Во пресрет на гласањето, кинеското Министерство за одбрана вети дека ќе го „скрши“ секое движење за независност на Тајван, а Тајпеј одговори нарекувајќи го одговорот на кинеските власти „апсурден и погрешен коментар“.
Пекинг го повика остатокот од светот да се придржува до ставот на една Кина. Сепак, тоа не ја спречи јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава да му честита на новоизбраниот претседател на Тајван, Вилијам Лаи.
Во соопштението, Камикава му честиташе на Лаи за неговата победа и го нарече самоуправниот остров, над кој Пекинг тврди дека има суверенитет, „исклучително важен партнер и важен пријател“.
Американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД не ја поддржуваат независноста на Тајван откако тајванските гласачи го дадоа својот глас за Вилијам Лаи.
Кинеското Министерство за надворешни работи, пак,соопшти дека „остро ја осудува“ изјавата на САД за изборите во Тајван, откако му честиташе на Лаи Чинг-те за победата на претседателските избори на островот, за кој Кина тврди дека е нејзина територија.
„Соопштението на САД „испраќа длабоко погрешен сигнал до сепаратистичките сили за поддршка на „независноста на Тајван““, соопшти денеска кинеското министерство.