Кина предупредува: Ако САД не притиснат на сопирачките, може да дојде до конфликт!

by Фокус

САД и Кина се движат кон неизбежен конфликт доколку Вашингтон не го промени својот пристап, рекол новиот кинески министер за надворешни работи на, како што пишува Гардијан, жестока прес-конференција на која го бранел зајакнувањето на односите на неговата земја со Русија.

Во својот прв медиумски настап како министер за надворешни работи, одржана на маргините на политичкиот собир „Две сесии“, Чин Ганг ја истакнал агендата за надворешна политика на Кина за наредните години, претставувајќи ја земјата и нејзиниот однос со Русија како светилник на сила и стабилност, додека за САД и нивните сојузници рекол дека се извор на тензии и конфликти.

-Ако САД не притиснат на сопирачките и продолжат да забрзуваат по погрешниот пат, ниту една заштитна ограда не може да спречи излегување од шините и сигурно ќе има конфликт и конфронтација – рекол Чин.

Новиот кинески министер за надворешни работи го бранел блиското пријателство меѓу Кина и Русија, однос кој е во фокусот на западот особено во релација со војната во Украина.

Коментарите на Чин, пишуваат медиумите, се усогласени со говорот на кинескиот лидер, Кси Џинпинг пред политичките делегати вчера во кој го осуди, како што го нарече „потиснувањето“ на Кина предводено од САД.

Поврзани новости