Груби му честита на Османи за новата функција во Чаир

by Фокус

Првиот вицепремиер Артан Груби во објава на Фејсбук му ја честиташе новата партиска функција на неговиот сопартиец и министер за надворешни работи Бујар Османи.

Во објавата, Груби на Османи му посакува успех и добро координирање на активностите на ДУИ во огранокот во Чаир, по информацијата дека партискиот лидер Али Ахмети наводно го назначил Османи на функцијата координатор за политички процеси во чаирскиот огранок на ДУИ.

„Покрај онаа на претседателот, Бујар ја има и мојата поддршка во овие напори за повторно активирање на структурата во Чаир по три години отсуство на партиски активности во нашиот огранок и во локалните совети во огранокот. Ве повикувам сите да се придружите со сите ваши идеи и акции за посилна и пообединета ДУИ во Чаир“, пишува Груби.

Поврзани новости