Кина и САД на „вистинскиот пат“: Украинската криза не сакаме да ја гледаме

by Фокус

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг, за време на разговорот со американскиот претседател Џо Бјаден, изјавил дека конфликтите и конфронтациите никому не му се во интерес, пренесоа кинеските државни медиуми.

-Mирот и безбедноста се најценетите богатства на меѓународната заедница – рекол тој.

Шји на американскиот колега му порачал дека односите меѓу државите не може да влезат во фаза на конфронтација.

-Украинската криза е нешто што не би сакале да го гледаме – посочил кинескиот претседател, додавајќи дека Кина и САД мора да ги водат билатералните односи на вистинскиот пат.

Инаку, Белата Куќа соопшти дека Бајден му ги укажал на својот кинески колега Џинпинг „последиците“ од каква било поддршка за Русија во нејзината војна против соседна Украина.

„Тој ги истакна импликациите и последиците доколку Кина и даде материјална поддршка на Русија додека врши брутални напади врз украинските градови и цивили“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Поврзани новости