Македонците се најнесреќни луѓе на Балканот

by Фокус

Со освоеното 89-то место меѓу 146 земји, Македонија е убедливо најнесреќната земја во регионот според „Извештајот за среќа во светот“, публикација на Мрежата за решенија за одржлив развој на ОН која се базира на податоците од глобалните анкети.

Сите поранешни југословенски републики се далеку пред Македонија, така што Словенија е на 22 место, Србија на 43, Хрватска на 47, Босна и Херцеговина на 67 и Црна Гора на 75 место.

Притоа, Финска е прогласена за најсреќна земја по петти пат по ред, додека следуваат Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Луксембург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.

Потоа, Австрија е на 11 место, Германија на 14 место, Канада на 15 место, САД на 16 место.

Поврзани новости