455
Недостатокот на гаранции за легитимните, национални права на Палестинците e причина за кризата во односите меѓу Израел и Газа, рекол специјалниот кинески пратеник за Блискиот Исток на средбата со неговиот руски колега.
Жаи Јун слета во Катар каде заедно со рускиот пратеник Михаил Богданов ја координираше позицијата на Пекинг со Москва во однос на нивните напори за деескалација на конфликтот во Газа.
„Клучната причина поради која ја имаме оваа ситуација во палестинско-израелскиот конфликт е тоа што на палестинскиот народ не му се загарантирани легитимните национални права“, рече Жаи, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин одржа разговори со кинескиот лидер Шји Џјинпинг во Пекинг.