Ким Мехмети: Ќе сметам дека Заев ја штити ДУИ ако не ги објави снимките од мене

by Фокус 18:05
18:05

Публицистот и писател, Ким Мехмети јавно го замоли Зоран Заев да ги објави сите негови прислушувани разговори , а доколку не го стори тоа, ќе смета дека Заев манипулира за да ја заштити ДУИ, откако некои портали пишуваа дека Мехмети барал од лидерот на СДСМ да не ги објавува неговите разговори.

– Прочитав во еден портал на ДУИ дека сум го замолил Претседателот на СДСМ да не ги објави моите прислушувани телефонски разговори. Ете, јавно и се обраќам на македонската опозиција: Го молам господинот Заев да ги објави сите мои прислушувани телефонски разговори! И ако не го стори тоа, ќе сметам дека манипулира со моите прислушувани телефонснки разговори и дека тоа го прави во дослух со ДУИ!, напиша Мехмети на својот Фејсбук профил.

- Advertising -

Мехмети напиша и дека нема да бара одговорност од Заев, доколку објави разговор кој навлегува во неговиот интимен живот.

Поврзани новости