Сефер Цаноски: Вистината излезе на виделина!

by Фокус

Драго ми е што вистината излезе на виделина, напиша на својот Фејсбук попладнево Сефер Цаноски, син на бизнисменот Фијат Цаноски, откако денеска опозицијата ги обелодени снимките на кои се гледа како власта влегла во акцијата за уривање на објектот „Космос“. Неговата изјава на Фејсбук Ви ја пренесуваме во целост,

Благодарен сум на господ што сите ние, мојата фамилија и моите блиски останавме здрави и живи во овој период.

Фијат е еден од ретките чесни бизнисмени во Република Македонија кој сиот свој капитал го има во нашава држава. Ниту еден бизнис, ниту една сметка, ниту еден денар нема изнесено надвор од СВОЈАТА Македонија. Плановите кој ги имаше беа големи. Да го изгради Космос , да го изгради најлуксузниот ресорт Ливадиште на Охридското езеро , да го заврши студентскиот дом за ФОН Универзитетот и многу други проекти кои нажалост не се реализираа поради оваа причина. Жал ми е за 400 и кусур вработени кои останаа на улица. Жал ми е и за 2000 фамилии кои требеше да живеат во овој комплекс. Жал ми е и се грозам што го слушам начинот на кој што сето ова беше изведено.

Но и покрај се. Ние сме горди и силно го пребродивме овој период. Би сакал во иднина ова никому да не му се случи. Никогаш да не се повтори.

Ние продожуваме понатака со крената глава. Ние сме луѓе кои си ја сакаат својата матична држава и немаме намера да застанеме поради никого. Повторно имаме големи планови и повторно имаме сериозни проекти кои ќе ги инвестираме во Република Македонија. Се надевам со една нова група на луѓе кои ќе ја водат државата и кои ќе знаат да почитуваат вредноста на луѓето.

Ќе им бидам вечно благодарен и на сите луѓе од опозицијата кои ја објавија вистината за Македонија. Се надевам дека после ова ке имаме силен доказ пред Меѓународниот суд на правдата во Стразбур, каде што ја тужиме државата на вредност од 65 милиони евра, колку што вредеше и самата инвестиција . Сега сум далеку посигурен дека после ова ќе го добиеме тој процес.И целата добиена оштета ви гарантирам дека ќе биде инвестирана во Република Македонија и никаде друго. Ваквата бескрупулозност ќе биде на штета на државата односно на сите НАС како и се останато.

Поврзани новости