Ким Џонг-ун затвори цел град, војниците загубиле 653 куршуми, ги претресуваат куќите

by Fokus

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го стави целиот град Хесан под карантин откако исчезнаа 653 куршуми за време на неодамнешното воено повлекување.

Официјални лица ја пребаруваат секоја куќа во градот со 200.000 жители, изјавија два извори за Радио Слободна Азија.

„Градот ќе остане затворен додека не се пронајдат сите 653 куршуми“, изјави жител на провинцијата Рајанганг, каде што се наоѓа Хесан кој сакаше да остане анонимен од безбедносни причини.

Исчезнувањето на муницијата за автоматска пушка беше откриено на 7 март кога војниците на седмиот корпус на корејската армија се повлекуваа од околината на градот, кој се наоѓа на границата со Кина.

Армијата беше распоредена таму во 2020 година, кога границите беа затворени на почетокот на пандемијата „Ковид-19“.

„Тие целосно се повлекоа меѓу 25 февруари и 10 март, но беше започната опсежна истрага поради исчезнатите куршуми за време на процесот на евакуација“, изјави неименуван жител.

Војниците не го пријавиле веднаш исчезнувањето на муницијата, туку се обиделе да ги најдат куршумите, рекол изворот. Но кога не успеале, ги известиле граѓаните и почнала голема потрага.

Полицијата и војската започнаа истрага, го заклучија целиот град и почнаа да пребаруваат куќа по куќа.

Се повикуваат граѓаните кои виделе или зеле куршуми да ги пријават и да ги вратат што е можно поскоро, а оние кои нема да го сторат тоа – ќе бидат казнети, велат надлежните.

Согласно законот, тој што нелегално поседува или преместува огнено оружје, муниција или друго оружје ќе се казни со присилна работа во траење од 3 години.

Жителите на Хесан стравуваат дека доколку не се најде муницијата, властите по случаен избор ќе казнуваат невини луѓе.

Поврзани новости