Борг: Новак сака да ги собори сите рекорди

by Fokus

Легендарниот шведски тенисер, Бјорн Борг изјави дека Србинот, Новак Ѓоковиќ би можел да освои уште еден или два грен слем турнири.

„Мислам дека Новак би можел да освои уште еден или два грен слемови. Кој знае. Но, она што тој го прави за тенисот воопшто е неверојатно. Тој сè уште ги поместува границите, сака да биде најдобар на сите времиња, да освои повеќе турнири и да ги скрши сите рекорди во историјата на тенисот. Тој е фантастичен играч“ – рече Борг на подкастот на АТП.

Ѓоковиќ не игра на Мастерсот во Мајами, а не игра ниту Шпанецот Рафаел Надал.

Ѓоковиќ и Надал освоија по 22 грен слем трофеи во кариерата.

„Никогаш не се знае што ќе направи Надал. Можеби ќе игра уште една година. Се зависи од него. Мислам дека Новак ќе биде активен барем неколку години, едноставно ќе ужива во тенисот” – заклучи Борг.

Поврзани новости