Ким Џонг ун со специјален воз патува за Пекинг, ќе присуствува на кинеската воена парада

by irena 18:25
18:25

Се очекува лидерот на Северна Кореја да се сретне со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, како и со рускиот претседател Владимир Путин, кој исто така ќе присуствува на парадата.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг ун, денеска го напушти Пјонгјанг и со специјален воз се упати кон Пекинг, каде што се очекува да присуствува на кинеската воена парада која ќе се одржи на 3 септември по повод 80-годишнината од формалното предавање на Јапонија во Втората светска војна.

Специјалниот воз што го носи севернокорејскиот лидер ќе пристигне во Пекинг по патување кое ќе трае 20 до 24 часа, а неговото пристигнување во кинеската престолнина се очекува на 2 септември.

Ова е првпат Ким Џонг ун да присуствува на голем мултилатерален дипломатски настан.

Се очекува лидерот на Северна Кореја да се сретне со кинескиот претседател Си Ѓинпинг, како и со рускиот претседател Владимир Путин, кој исто така ќе присуствува на воената парада.

Официјалната кинеска новинска агенција Синхуа објави дека на парадата ќе присуствуваат 26 странски лидери, вклучувајќи го и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Слични вести