Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-Ун синоќа јапосети воена сателитска станица, јави државната новинска агенција „KCNA “, а пренесе хрватската новинска агенција „Хина“.
„Ким ги одобрил следните чекори во планот на непостојаниот подготвителен комитет за лансирање на сателити, група посветена на лансирањето на првиот воено разузнавачки сателит на Северна Кореја“, објави „KCNA“, но не појасни кога е планирано лансирањето.
Ким рече дека успешното лансирање на воениот сателит за извидување е „итно барање на преовладувачкото безбедносно опкружување во земјата“, стои во објавата на севрнокорејската новинска агенција.
„KCNA“ претходно годинава објави дека Пјонгјанг ја завршил изградбата на својот прв воен шпионски сателит и дека Ким повикал да се забрзаат последните подготовки за лансирањето.
„Активноста во областа на лансирната рампа на севернокорејската сателитска станица за лансирање Сохае е обновена по речиси половина година пауза“, беше објавено оваа недела повикувајќи се на неодамнешни сателитески снимки направени преку американскиот проект за мониторинг на Северна Кореја „38 Норт“ со седиште во САД.
Во извештајот на „38 Норт“ се додава дека треба уште многу да се направи за да почне лансирањето на сателитот.