Модерен и авантуристички, елегантен и удобен, брендот Kigili е наменет за самоуверени мажи со динамичен животен стил. Kigili облеката е изработена од природни материјали, како памук, волна и кашмир, во едноставни кроеви, со беспрекорна изведба. Во Kigili може да најдете спортска и формална облека, чевли и модни додатоци, сѐ што му е потребно на современиот маж за да изгледа моќно и елегантно, како во формалните изданија, така и при секојдневните пригоди.
Овој интернационален бренд со потекло од Турција, кој се стреми за беспрекорен квалитет и уникатен дизајн уште од 1938 година, од неодамна е присутен во Македонија со две продавници во Скопје: во Скопје Сити Мол и во центар – на булеварот Партизански одреди, наспроти Соборниот храм во Скопје.
Kigili предлози за модерен изглед во деновите што следат:
Комбинација 1:
Удобна, лежерна, но, сепак, празнична комбинација.
Нема ништо повпечатливо од темноцрвената или „цигла“ боја, омилена во дизајнерските кругови за тековната сезона.
Оваа портокалово- црвена нијанса, во комбинација со природни тонови како темносина, кафена или беж е полн погодок за новогодишниот аутфит. Удобно карирана памучна кошула и волнена блуза во земјен тон, во комбинација со едноставни чино панталони, комбинирани со чевли и ремен во истата црвена нијанса.
Комбинација 2:
Подеднакво тренди, а помалку колоритна како комбинација, секако доволно впечатлива да се издвоите од толпата.
Оваа лежерна комбинација вклучува сини чино панталони, бела кошула со тенки вертикални сини линии, сива тенка блуза со модерни додатоци, со додатоци вратоврска, ремен и чевли во црно-сива нијанса.