Прeдлог – законот на Трајанов за амнестија денеска во Собрание

by Фокус

Собранието денеска треба да расправа за предлог- законот поднесен од пратеникот Павле Трајанов со кој се предлага амнестија целосно или делумно ослободување од казната на осуденици за кривични дела.

Како што образложија од Демократскиот сојуз, се предлага потполно ослободување на осудени лица на кои им е изречена казна затвор до три месеци, сторители на кривичните дела шверцување мигранти по член 418-б став 2 од Кривичниот законик.

Се предлага ослободување за 50 проценти од неиздржаниот дел од казната на осудените лица – сторители на кривични дела на кои им е изречена единствена казна затвор од три до шест месеци, сторители на кривичните дела криумчарење мигранти по член 418-б од Кривичниот законик, кои делото го сториле како дел од група, банда или друго здружение (член 418-в) – се ослободуваат за 50 отсто од неиздржаниот дел на казната.

Осудените лица – сторители на кривични дела, пак, на кои им е изречена казна затвор до една година, како сторители на кривичните дела примање поткуп по член 357 и давање поткуп по член 358 од Кривичниот законик, се предлага да се ослободат за 33 проценти од неиздржаниот дел на казната, а на осудените лица – сторители на кривични дела со изречена казна затвор од една до десет години за 25 проценти од неиздржаниот дел на казната.

Поврзани новости