Висок украински функционер направи помирувачки гест кон американскиот милијардер и извршен директор на „Тесла“, Илон Маск, по жестоките размени околу неговите идеи за решение на конфликтот со Русија.
Забелешките се чини дека имаат за цел да повлечат линија на жестоките критики на Маск од страна на некои украински официјални лица, откако тој ги објави идеите за мировно решение со кое Украина ќе го предаде Крим и ќе се согласи на статусот на неутралност.
Напорите да се смират работите доаѓаат откако Си-Ен-Ен објави дека компанијата SpaceX испрати писмо до Пентагон минатиот месец во кое вели дека повеќе не може да продолжи да ја финансира сателитската услуга Старлинк и побара од Пентагон да ја плаќа сметката.
Системот – кој се обезбедуваше бесплатно уште од почетокот на конфликтот – беше суштинска врска за да им се овозможи на украинските сили да одржуваат комуникации.
Набргу по твитот од Федоров, друг висок украински функционер зборуваше за вредноста на системот Старлинк за воените напори на Украина.