866
Како што руските трупи се приближуваат до главниот град на Украина, властите на Киев не се сигурни колку долго ќе издржи одбраната на градот и неговите граѓани.
-Немаме планови за евакуација на цивили доколку руските војници успеат да го заземат Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко, пренесува Еуроњуз.
-Нне можеме да го направиме тоа, бидејќи сите патишта се блокирани. Во моментов сме опколени, признава Кличко.
Сепак, постојат одредени заштитни мерки. Постоечкиот систем на длабоко градско метро ги претвори своите станици во засолништа за бомби, а градоначалникот воведе полициски час за време на викендот кој завршува во 8 часот наутро во понеделник.
Кличко рече дека досега се убиени девет цивили во Киев, меѓу кои и едно дете.