652
Тринаесетгодишно девојче е киднапирано за што била известена неговата сестра, информираат од МВР.
Според полицијата, вчера во 21,50 часот во ПС-Кисела Вода, Р.И. (45), пријавил дека околу 21,30 часот неговата ќерка А.И.(19) му кажала дека на нејзиниот мобилен телефон и се јавило лицето Н.Х. (25) и ја прашал каде е нејзината 13- годишна сестра.
Пријавителот се јавил на телефонскиот број од кој била повикана А.И. по што Н.Х. му одговорил дека го зел девојчето и ја прекинал врската. По околу десетина минути на пријавителот му се јавил И.Х., чичко на Н.Х., кој исто така му кажал дека девојчето било кај нив и ја прекинал врската.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.