Киднапирал девојка преправајќи се дека е инспектор од МВР и ја држел цел ден во хотел на Водно

by fokus

Против тројца скопјани на возраст од 31 и 33 години е поднесена кривична пријава под сомнение дека сториле кривично дело „противправно лишување од слобода“.

Б.П. Т.П. и А.Б. на 12-ти мај годинава грабнале девојка на улицата „Борис Трајковски“ пред нејзината мајка која ги молела да ја ослободат. А.Б. се преправал дека е инспектор и рекол дека нејзината ќерка мора да оди со нив.

Тројцата осомничени насилно ја внеле девојката во возилото и ја однеле во хотел во близина на Водно. Во хотелот ја држеле од 13 часот на пладне, до полноќ. Потоа еден од осомничените со мотоцикл ја однел  во близина на нејзиниот дом, информираат од полицијата.

Поврзани новости