Јовановски: Анализата ќе покаже дали Груевски ќе си оди и каде загубивме 120.000 гласови

by Фокус

Анализите што ќе ги направиме по завршувањето на изборите ќе покажат дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе си поднесе оставка, изјави денеска пратеникот од оваа партија Крсто Јовановски.

-Изборите се уште траат и по тоа ќе следува темелна анализа и ќе се дојде до некое решение. И прашањата за оние 120.000 гласачи, дали ги има или ги нема, не можеме да потврдиме дали излегле или не, дали се избришани или не – изјави тој.

Во однос на иницијативата на партиски членови за реформа и демократизација на партијата, Јовановски рече дека станува збор за луѓе што, според него, сакаат да ја киднапираат партијата.

Поврзани новости