Кичевeц загина во сообраќајна несреќа – две лица тешко повредени

by Fokus

Тешка сообраќајна несреќа се случила 10 минути по полноќ на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост.

Патничко возило „бмв“, со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево, излетало од коловозот.

Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатниците Н.С.(52) и Ќ.А.(52), исто така од Кичево се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител телото на М.С. е предадено за обдукција.

Поврзани новости