ВМРО-ДПМНЕ: Србија вакцинира 30.000 луѓе дневно, а Заев моли за милостина

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ реагираше за првата пратка со вакцини на „Фајзер“ кои Србија ги донираше за Македонија, со обвинувања дека власта дека потфрла во процесот на вакцинација на населението.

-Со Зоран Заев и Венко Филипче, Македонија е осудена да живее и да зависи од хуманитарна помош и милостина од Србија. Србија дневно, секој ден вакцинира 30.000 луѓе. Вчера во Врање, само во Врање се вакцинирани една илјада луѓе во еден ден. А, досега на ниво на Врање имаме околу 8.000 вакцинирани. Така што, тоа зборува за размерите на фијаското кое што ни се случува, а само пред 7-8 години Србија беше земјата која што учеше инвестиции, и економија од Македонија. Македонија целосно потфрли. Станува збор за дебакл и фијаско на власта, порача Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорчев обвини дека земјата има најголем број на починати од ковид-19 и дека нема систем за имунизација на населението. Тој ги повика премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче да понесат одговорност.

-Пред една недела Авганистан доби 500.000 вакцини од „АстраЗенека“, стотици илјади луѓе се вакцинирани во Пакистан, 27.000 здравствени работници само во една провинција а тоа е провинцијата Синд. Вакцинацијата почна во Боливија, во Алжир, во Гвинеја која што е земја во Западниот дел на Африка, во Непал, во Индија, во Бангладеш веќе имаме вакцина и вакцинација која што е веќе 20-тина дена. Процесот на имунизација на населението почна во Албанија пред еден месец, премиерот Рама беше првиот кој што се вакцинираше, Црна Гора, Босна и Херцеговина. За жал, Македонија е буквално најлоша во светот кога станува збор за вакцини и имунизација на населението. А, Македонија е и истовремено земја со најмногу починати по жител на целиот свет. Тоа кажува дека имаме дебакл, фијаско на власта. Тоа кажува дека имаме огромна негрижа за здравјето на населението. И тоа кажува едноставно дека нема никаков систем, дека имаме дебакл и фијаско, а за тоа одговорност мора да има. Зоран Заев и Венко Филипче мора да поднесат оставка, тие имаат одговорност за тоа што буквално ги оставија на милост и немилост граѓаните во оваа најголема криза изминативе неколку децении, рече Ѓорчев.

Поврзани новости