519
Триесегодишниот М.М. од Кичево е приведен поради основано сомнение дека го убил својот татко, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера во 22.30 часот во полициската станица Кичево бил приведен М.М.(30) од Кичево поради спмнеж дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот.