Во Русија заразени со нов сој на Ковид-19

by fokus

Во Русија се регистрирани неколку случаи на заразени со нов сој на Ковид-19, за кој се верува дека е повеќе заразен од делта-видот, објави агенцијата РИА.

Можно е варијантата „АY.4.2“ да се шири побрзо, изјави научникот Камил Хафизов, цитиран од РИА. Тоа може да предизвика ново, па дури и побрзо ширење на инфекцијата

– Новиот сој на крајот може да го замени делта-сојот, иако процесот може да биде бавен – додава Хафизов.

Подваријантата „АY 4.2“ е веќе откриена во Велика Британија и неколку други европски земји, а Израел вчера објави дека го идентификува првиот случај на својата територија.

Франсоа Балу, директор на Институтот за генетика на УЦЛ во Лондон, рече дека новата варијанта е сè уште ретка и се чини дека не е позаразна од другите.

Поврзани новости