Триесетдневен притвор доби Фатмир Демиров, таткото кој до смрт ја претепа својата двегодишна ќерка.
Од охридската полиција велат 29-годишниот Демиров е спроведен во казнено-поправната установа „Затвор-Битола“, a против него од страна на обвинителството веќе е покрената и истрага за кривично дело убиство, според кое му се заканува казна од 10 години до доживотен затвор.
Станува збор за лице со дебело полициско досие, досега неколку пати завршил и зад решетки поради сторени кривични дела, но ниту едно од нив не било за семејно насилство.
-4 се кривични дела кражби и 1 за тешка кражба. Сега осомничениот е приведуван и лишуван од слобода и од 2011 до 2023 ОВР Кичево има поднесено околу 50 кривични пријави за сторени кривични дела – изјави Стефан Димоски од СВР Охрид.