Кичеец пред Русковска се бранел со молчење

by fokus

Зоран Милевски -Кичеец, еден од осомничените во истрагата за „Рекет“, се бранел со молчење, кога требало пред обвинителката Вилма Русковска да даде исказ, дознава „Фокус“ од извори од одбраната.

Иако Кичеец цели три часа се задржа во Обвинителствот за гонење на организиран криминал и корупција, сепак тој го искористил своето право да молчи.

Можно е со истата стратегија на молчење да се „брани“ и осомничениот Бојан Јовановски, бидејќи тој се уште не ги видел доказите кои обвинителството ги има против него.

За истрагата „Рекет“ досега сведочеле голем број на сведоци, меѓу кои и обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, нивниот колега Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинет на Катица Јанева.

Шефицата Јанева, пак само еден ден откако сведочеше, ја доби улогата на осомничена, поради што заврши во 30-дневен притвор.

Осомничените Јовановски и Милевски се гонат бидејќи наводно земале 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, кој за возврат „добил“ домашен притвор и времен пасош, а наводно требало и да се спаси од кривичен прогон за случајот на СЈО, „Империја“. Сето тоа, пак според обвинителството, се одивало со амин на обвинителката Јанева.

Валентина Вурмо

Поврзани новости