657
Зоран Милески Кичеец во изјава за А1он вели дека снимките објавени на јутуб се автентични.
„Разговорите што се објавени се автентични и се од состанок кој го имав со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 14 април, 2019 година. На тој состанок разговаравме за изборите во Охрид и за мое помагање. Не знам кој снимал додека сум бил на состаноците. Имавме повеќе средби – истакна Милески.