506
Врз рускиот електронски систем за далечинско гласање, како и врз Интернет страницата на руската Централна изборна комисија извршени се голем број масовни кибер напади, но тие не влијаеја врз нивната оперативност, изјави денеска заменикот претседател на руската Централна изборна комисија ( ЦИК), Николај Булаев.
-Извршени се голем број напади, и на софтверскиот и на хардверскиот дел на комплексот, но заштитните системи успешно ги одбија сите напади, изјави Булаев за Тасс.