Талибанците ги протераа девојчињата од средните училишта во Авганистан

by Fokus

Талибанците денеска ги протераа девојчињата од средните училишта, откако испратија наредба дека само момчињата и наставниците мажи можат да се вратат во училниците. За Би-Би-Си дел од нив изјавија дека се очајни што им е забрането да се вратат на училиште.

-Се изгледа прилично мрачно, изјави една од нив.

Портпаролот на талибанците соопшти дека нема планови наскоро да бидат отворени училиштата за девојчиња.

Поврзани новости