Комисијата за хартии од вредност откако и официјално потврди дека ја доби понудата на компанија „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ за преземање на Макпетрол, најдоцна до утре треба да се изјасни во однос на документацијата на фирмата.
Како клучно регулаторно тело на берзанскиот пазар, токму од КХВ ќе зависи дали ќе продолжи постапката за преземање на Макпетрол.
Инаку, за фирмата која сака да го преземе Макпетрол има многу мистерии, но и податоци кои ја поврзуваат со оф-шор фирми.
Компанијата Балкан Петролеум официјално е основана во Лондон, со капитал од 1000 евра, но зад неа стојат низа фирми од Кипар и Британските девствени острови. Некои од истражувањата открија и дека луѓе поврзани со овие компании се дел и од „документите од Панама.“
Од Комисијата за хартии од вредност не соопштија детали во однос на тоа дали ќе ги проверуваат сомнежите за евентуална вклученост на компанијата во офшор шеми, како и потеклото на нејзиниот капитал.