КФОР: Двете страни на Косово да преземат одговорност, а не да се кријат зад лажни наративи

by Fokus

Командантот на КФОР, генерал-мајор Анѓело Микеле Ристуќа, лично го следи развојот на ситуацијата во Косово и изразува солидарност со војниците на НАТО кои беа повредени за време на конфликтот, соопшти КФОР.

„Со цел да се избегнат конфликти меѓу страните и ризикот од ескалација, мировниците на КФОР спречија закани по животите на косовските Срби и косовските Албанци“, соопштени КФОР.

КФОР објави дека се повредени триесе припадници на мировните сили предводени од НАТО на Косово, од кои 11 припадници на таа мисија од италијанскиот и 19 од унгарскиот контингент, кои се здобиле со повеќе повреди, вклучително и скршеници и изгореници од импровизирани експлозивни запаливи направи, пренесе агенцијата „Танјуг“

„Тројца унгарски војници се ранети со употреба на огнено оружје. Нивните повреди не се опасни по живот“, се вели во соопштението на КФОР.

КФОР рече дека двете страни треба да преземат целосна одговорност за она што се случи и да спречат каква било понатамошна ескалација, наместо „да се кријат зад лажните наративи“.

Мисијата на КФОР го зголеми своето присуство во четири општини на северот на Косово за да го намали ризикот од ескалација, откако новоизбраните албански градоначалници се обидоа да ја преземат функцијата, и дека нивните војници дејствуваа одлучно и воздржано, во рамките на строгите Правила на Ангажман.

„КФОР секогаш дејствува одлучно и воздржано, во рамките на строгите Правила за ангажман (ROE). Во овој случај, тој одговори на неиспровоцирани напади од насилна и опасна толпа, додека го извршуваше својот мандат на ОН на непристрасен начин“, се наведува во соопштението.

КФОР најави дека ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за да обезбеди безбедна средина и слобода на движење „за сите заедници во Косово, во согласност со неговиот мандат заснован на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година“.

 

Поврзани новости