Билт: За да се спречи влошување на состојбата на Косово потребна е силна дипломатска акција на ЕУ и САД

by Fokus

Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи Карл Билт, денес оцени дека по последните инциденти на Косово, нема да биде лесно да се обнови дијалогот меѓу Белград и Приштина.

„Нема да биде лесно да се врати дијалогот меѓу Белград и Приштина по настаните во изминатите неколку дена. Важно е да продолжи големата мировна мисија КФОР, но уште поважна е силната дипломатска акција на Европската Унија и САД со цел да се спречи натамошно влошување на ситуацијата“, напиша Билт на „Твитер“.

Тој додаде дека дури тогаш во одреден момент работите ќе се вратат на подобар пат.

Претходно во објава на Твитер тој напиша дека многу вина има кај сите за новата криза на северот на Косово, мислејќи и на српските и на косовските власти.

„Но, првите чекори што го започнаа циклусот на ескалација беа преземени од страна на Приштина. Потоа, од таму беше надолу. И сега е навистина лошо“, напиша Билт по вчерашните инциденти во Звечан.

Поврзани новости