Американскиот глумец-режисер Кевин Костнер им се враќа на „каубојските филмови“ и „Дивиот Запад“. Имено, „Варајети“ објави дека новиот „Хоризонт“ на Кевин Костнер може да биде толку длабок и обемен еп што нема да се вклопи во само еден филм.
Првичните податоци говорат дека филмот, најверојатно, ќе има вкупно четири дела и може да биде долг повеќе од 10 часа. Приказната опфаќа 15-годишен период додека Америка ја проширува и ја населува својата западна граница по Граѓанската војна. Филмот раскажува не само за доселениците кои се пробиваат на за нив неистражените земји, туку и за домородните луѓе кои веќе живеат таму.
Костнер веќе работи на оваа огромна продукција и се одржува кастинг за 170 улоги. Доколку се оствари планот за четири филма, замислата на Кевин Костнер, идејата е да се прикажува по еден на секои три месеци, за тие да бидат прикажани во рок од една календарска година. Продукцијата и снимањето ќе почнат оваа есен и ќе траат најдоцна до 2023 година.