Вкупната бројка на лица позитивни на корона вирусот се искачи на 76 лица – информираат од МЗ.
Во текот на денот било потврдено дека двајцата сопружници од Кавадарци се позитивни на вирусот, откако утринава имаше информација дека бил тестиран само сопругот, чиј тест бил позитивен.
Во Кавадарци жителите се вознемирени, бидејќи заразената жена е началник на Одделение во болницата во Кавадарци, а пак нејзиниот сопруг е функционер во ЈП Македонски шуми. Поради тоа граѓаните стравуваат дека бројот на заразени во градот може да биде многу поголем. Нема информација како сопружниците се заразиле, односно дали неодамна патувале надвор од земјата.
По објавата на веста, и во Неготино се чувствува вознемиреност. Имено, ќерката на позитивните сопружници е вработена како наставник – дефектолог во основно училиште во Неготино.
Според информациите, таа работи со деца со попреченост. ,,Фокус” го контактираше министерот за здравство Венко Филипче, со цел да дознаеме дали наставничката е во карантин и дали ќе биде тестирана наскоро, но до објавата на текстот не добивме повратен одговор.
Според МЗ, од Кавадарци се тестира уште едно лице кое нема поврзаност со сопружниците.
Вики Клинчарова