Онлајн петиција за ефтина струја преку цел ден додека трае вонредната состојба

by Фокус

Поддршка од над 18.000 потписи досега добила онлајн петицијата за воведување на ефтина струја во периодот додека трае вонредната состојба. Иницијаторите на оваа петиција бараат итно воведување ефтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата – зголемени износи на сметките за струја.

„Задолжителноста на самоизолацијата подразбира задолжително останување дома во текот на речиси целото деноноќие. Тоа значи повисоки режиски трошоци (повисоки сметки за струја, вода, греење итн.). Сето ова во ситуација кога граѓаните остануваат без работа поради затворањето на голем дел субјектите од производствените дејности  и сите услужни дејности. Сето ова во ситуација кога сосема е за очекување да има семејства без ниту еден вработен во периодот кој престои…“, се наведува во образложението.

Поврзани новости