397
Марија Давкова Јордановска, ќерка на професорката и кандидат за претседател, Гордана Силјановска Давкова на нејзиниот фејсбук профил напиша дека пред девет години била брутално истуркана од колата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
-Јас Марија Давкова, пред околу 9 години бев брутално нападната и истуркана од колата на Димитар Апасиев без апсолутно ниту една причина. Ете ги моите 5 минути, напишала вчера Давкова Јордановска.
Силјановска Давкова со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ втор пат по ред ќе се обиде да стане претседател на државата, а нејзин противкандидат од Левица ќе биде професорката Билјана Ванковска.