Белата куќа не гледа знаци дека Москва е подготвена да употреби нуклеарно оружје

by fokus

Белата куќа денеска соопшти дека не гледа знаци дека Москва е подготвена да употреби нуклеарно оружје во Украина, откако претседателот Владимир Путин рече дека е подготвен да го распореди тој вид оружје доколку суверенитетот на Русија биде загрозен.

-Не видовме никакви причини да ја прилагодиме нашата сопствена нуклеарна положба, ниту, пак, индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина, изјави секретарот за печат, Карин Жан-Пјер, на новинарите на прашањето за коментарите на Путин.

Поврзани новости