Керим: Заев и Ципрас покажаа дека се спремни достоинствено да ги бранат своите позиции

by fokus

Срѓан Керим вечерва е гостин на Канал 5, каде рече дека македонскиот и грчкиот премиер во Давос покажале дека до крај ќе ги бранат своите позиции, но и дека се спремни да попуштат за некои работи за да се дојде до решение.

-Од своето искуство знам една работа и таа е универзална ознака, дека кога две страни преговаарат од тактички причини поставуваат невозможни работи за да после се дојде до нешто прифатливо. Кога јас би преговарал и би ја застапувал тезата ерга омес, ако решението е поблиску до македонската страна тогаш ни ерга имнес не е проблем, но ако решението е како што го сака Грција, тогаш ерга омес е голем проблем. Она што го презентираа премиерите е дека разговараат партнери кои се спремни да ги бранат своите позиции до крај достоинствено, но и да попуштат за некои работи за да се дојде до решение, рече Керим.

 

 

Поврзани новости