Срѓан Керим во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека тој е против референдум, бидејќи тоа требало да се направи многу порано, а сега може да биде кочница.
-Јас сум апсолутно против референдум. Зошто сега на крајот на приказната да го инволвираме народот, како алиби ли? Тоа требаше да се направи пред 20 години. Сега сме при крајот на трката, тоа требаше да се направи на почетокот. Уште пред десет години кажав дека сум против тоа. Политичарите треба да си преземат одговорност. Нема потреба референдумот да го ставаме како кочница. Мислам дека треба да се ослободиме од уште една заблуда, туку да се концентирраме на реализација на Договорот. 27 години се поминати во вложувања за НАТО и ЕУ, а без резултат. Затоа сметам дека тоа прашање не треба да се става на референдум, вели Керим.