Професорот Јове Кекеновски на критикува вчерашната лидерска средба велејќи дека повеќето од оние што одлучуваат за иднината на земјата се аболирани или осомничени и обвинети за кривични дела.
„Што лидерска ќе беше кога бројот на осомничени, обвинети и аболирани на неа е поголем од оние другите“, напиша тој на својот фејсбук профил.
Кекеновски го критикува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Овој Мицковски наместо да бара лидерска средба пред целата македонска јавност и на неа јавно да си каже сè (а ова го може само човек кој има искрени и чесни намери кон граѓаните и државата), тој сака нешто тивко на увце да му шепне на ЗАЕВ. Работата е да не чуе никој, освен другарот АХМЕТИ.
Што е тоа што толку тивко и тајно треба да се каже, освен доколку не е обид за срамно пазарање или уцена далеку од очите на јавноста.
А бре човече го доурниса ВМРО ДПМНЕ. Вистинскиот вмровец секогаш има став кој го кажува јавно и гласно“, порачува Кекеновски.