Ниту сум бил, ниту ќе бидам СДСМ, а пак најмалку со некого ќе се координираам за некого да плукам, туку единствено укажувам на факти и непринципиелности, без разлика дали на некои сервилни и новинари прислужници и одработувачи за пари им се допаѓа тоа или не.
Вака професорот Јове Кекеновски од Форумот на слободоумни патриоти реагира на веста на порталот „Журнал“, кој објави заедничка фотографија на Кекеновски и организацискиот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, со наслов „Кекеновски моли кај СДСМ и се координира за следното плукање“.
„Кекеновски секогаш со секој пријател и познаник слободно и без никакви задкулисни намери или планови, без разлика на неговата политичка припадност, статус, пол или позиција, јавно ке седне и ке испие кафе па дури и со ќејф ке руча“, напиша тој на фејсбук профилот.