Кекеновски: Мицкоски ми личи на генерал кој цела битка се криел во позадина, а сега се кити со туѓи перја

by fokus

Јове Кекеновски во вечерашната дебата на ТВ 24 рече дека вечерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е обид да се кити со туѓи перја, а всушност тој нема храброст да го каже својот став.

-Апсолутно не го слушав Мицкоски, ќе го слушав ако имаше став претходно. Ова ми изгледа како војник или генерал кој учествувал во битка, се криел позади, па откако војската победи, излегува и се кити со туѓи перја. Ова беше обид да се претстави како негова победа. Ова е став на граѓаните, мнозинскиот дел на граѓаните не се согласува со вакво влегување во ЕУ и НАТО. Ставот на Мицкоски е дека нема став, односно немаше храброст да се изјасни, рече Кеконовски.

Поврзани новости